Бизнис

Меѓународниот републикански институт (IRI) го затвора своето претставништво во Скопје

Меѓународниот републикански институт (IRI) го затвора своето претставништво во Скопје

Донесено е решение за запишување на ликвидацијата на подружницата на Меѓународниот републикански институт (IRI) од Вашингтон, САД – Подружница Скопје. Постапката е започната на 1 август 2025 година, врз основа на одлука за престанок со работа донесена на 18 јуни 2025 година.

Како ликвидатор е назначена Илина Мангова, која воедно е и овластено лице за завршување на административните и правните обврски поврзани со затворањето на подружницата. Со ова, досегашните овластувања на Мангова како застапник на подружницата се избришани од Централниот регистар.

Во регистарот е наведено дека сите дејствија поврзани со регистрацијата на IRI во земјава, како и банкарските и финансиските трансакции, морале да бидат претходно писмено одобрени од страна на James John Flukarty, кој е назначен за надзор над процесот.

IRI е американска невладина организација која со години наназад имаше активна улога во поддршка на демократските процеси и граѓанските иницијативи во Северна Македонија. Засега нема официјална изјава од институцијата за причините за затворањето на канцеларијата во Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни