Во Меѓународниот сојуз каде претседател е Бојан Јовановски извршени се 2 контроли за данокот на добивка и персоналниот данок на доход во период од 2017 до 2019 година. Сојузот немал сметководител. Приходите кои ги остварувал, воопшто не се евидентирале и не се плаќал данок.
„Во декември 2017 година склучени се два договори со ГП Пелистер и Дрим билдинг за реализација на платфрома за изградба на европски комплекс за возрасни лица и мобилен сервис. Договорите не се заверени на нотар. Двете правни лица извршиле плаќање кон Македонска авторска агенција, по однос на влезна фактура, но проектот за кој плаќале инспекторите не го пронајдоа.“, велат од УЈП на брифинг со новинарите.
Согласно договорите, парите од градежните компании требало да легнат на сметка од Меѓународен сојуз преку агенцијата, но тоа не се сличило. Парите завршиле кај две физички лица, Јасна Мандиќ како координатор на проектот и Лилјана Тодоровиќ – носител на проектот. За овој трансфер агенцијата немала склучено договор со Мандиќ и Тодоровиќ .
„Со овој потег, Меѓународен сојуз свесно направил заобиколување на искажување приходи и расходи. Парите никогаш не влегле во Меѓународен сојуз за да бидат прикажани како приходи, а потоа не се случила исплата кон физички лица, значи нема расходи.“, изјвија од УЈП.
Сите овие наоди, УЈП вчера во затворот му ги доставил на претседателот Бојан Јовановски, но тој одбил да ги прими со образложение дека поднел оставка од таа функција во сојзуот.