Мекдоналдс ги затвора рестораните и го паузира својот бизнис во Русија

Мекдоналдс привремено ги затвора рестораните и го паузира својот бизнис во Русија, објави Ројтерс.

 

Мекдоналдс денеска, речиси две недели откако руските сили ја нападнаа Украина, објави дека привремено ќе затвори ресторани на 850 локации во Русија.

Извршниот директор Крис Кемпчински рече дека синџирот ќе го паузира работењето во Русија, но ќе продолжи да ги плаќа своите руски вработени, а непрофитната организација „Роналд Мекдоналд Хаус“ ќе продолжи да работи.

Откако голем број компании го прекинаа бизнисот со Русија, Мекдоналдс се најде на мета на критики затоа што не го стори истото. Тој беше критикуван на социјалните мрежи дека не зборувал за нападите и дека ја продолжил својата работа во Русија.

Познатите компании, меѓу кои и Нетфликс и Левис, веќе ја прекинаа продажбата или престанаа да даваат услуги во Русија.