Македонија

Меланија Трамп: Треба да се преброи секој легален глас

Се уште актуелната американска прва дама, Меланија Трамп, откако од вчера веќе е јасно дека нејзиниот сопруг Доналд Трамп ги загуби изборите, денеска за првпат се изјасни за резултатот од изборите, повторувајќи го ставот на нејзиниот сопруг дека треба да се пребори секој легално даден глас.

“Американскиот народ заслужува фер избори. Секој легитимен глас, а не нелегален, треба да се смета. Ние мора да ја заштитиме нашата демократија со целосна транспарентност”, напиша таа на Твитер.

Американската телевизија Си-Ен-Ен, претходно, повикувајќи се на неименуван и добро информиран извор, јави дека таа приватно му кажала на сопругот дека треба да го прифати поразот. 

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни