Меморандум за мотивација, поголема можност за учениците со посебни потреби

Денеска беше потпишан меморандум за соработка меѓу Сојузот на стопанските комори и Средното училиште „СВ. Наум Охридски“. Во ова државно училиште учат деца со интелектуална попреченост. Според овие две институции, со овој договор ќе се овозможи поефективна инклузија на учениците со интелектуална попреченост на пазарот на трудот, унапредување и зајакнување на нивната вработливост.

Од Сојузот на стопанските комори, истакнаа дека до сега имале успешна соработка со неколку компании од Скопје и дека целта е да се зголеми вработеноста на студентите од Скопје, но и од внатрешноста. Инаку компанијата „Кнауф“, членка на Сојузот на стопанските комори, оваа година учествуваше во едукацијата на учениците од ова училиште.

На денешната конференција, беше истакнато дека бројот на лицата со посебни потреби забележува раст. Но од овие институции не прецизираа колкава е таа бројка, бидејќи велат дека немаат точни статистички податоци

Извор: ТВ21