Мендух Тачи за ТВ21: Ова е многу добра вест за Македонија и регионот, ќе продолжиме со вакви чекори на реформи

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи пред камерата на ТВ21 го искажа своето задоволство од денешното гласање во законодавниот дом и прифаќањето на уставните промени кои ги предложи Владата.

„Обврска на сите албански пратеници беше да го зацементираме патот на Албанците и на Македонија кон НАТО. Верувам дека ова е многу добра вест за сите граѓани на Македонија, но и за регионот. Тоа беше голем проблем, кој се реши. Во овој процес учествуваа многу лица, политички партии, Владата, но за ова е заслужна меѓународната заедница  која не доведе до оваа ситуација. Ќе продолжиме со вакви чекори на реформи, но верувам дека отсега ќе биде полесно. Ситуацијата е релаксирачка и верувам дека од сега многу побрзо ќе чекориме кон НАТО и ЕУ“, изјави Мендух Тачи – Претседател на ДПА.

Извор: ТВ21