На маргините на Самитот на НАТО, по свечениот пречек во претседателскиот комплекс во Анкара, светските лидери присуствуваа на прием, по што им беше послужена вечерна трпеза со вкусови од цела Анадолија. Менито доби искрени пофалби и аплауз од присутните државници.
Јадењата ги подготви тим на готвачи наградувани од светски познатиот гастрономски водич „Мишлен“, а масата го носеше потписот на шефовите Фатих Тутак и Синем Озлер. На гостите им беа послужени специјалитети приготвени со јогурт со запечен вкус од Денизли, саќов мед од Хизан во провинцијата Битлис, трабзонски путер, чадена пиперкова паста од Ајаш, артешоци од Урла и јадења со лозови листови од Токат.
Во десертното мени беа вклучени сладолед од Мараш и ситни колачи со ф’стаци од Газиантеп, како препознатливи деликатеси на турската кујна.
Претседателот на САД Доналд Трамп ја пофали трпезата со зборовите: „Со претседателот Реџеп Таип Ердоган вечеравме и навистина беше за 10 поени, дури можеби и за 12. Сè беше одлично“, нагласувајќи дека најмногу му се допаднале бавно печените телешки ребра.
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга, пак, му пренеле на тимот што ја подготви вечерата дека особено уживале во артешокот од Урла и салатата со сос од лозов лист од Токат.