Македонија

МЕПСО: Испад на далековод и пожар во близина на трансформатор се причините за прекин на електричната енергија

МЕПСО: Испад на далековод и пожар во близина на трансформатор се причините за прекин на електричната енергија

Од АД МЕПСО информираат дека испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле.

„Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија. Диспечерите на АД МЕПСО во најбрз може рок воспоставија напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување“, велат од АД МЕПСО.

Од таму додаваат дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија но единствено во насока на сoздавање услови стручните екипи да ги отстранат преостанатите дефекти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни