Мета во Скопје го пречека Ахмети, дојде за празникот, коментар за Груевски нема

Се е подготвено за доаѓањето на претседателот на Албанија Илир Мета во Скопје. Полицијата го расчисти паркингот, но кучињата скитници никој не ги отстрани.

Први пристигнаа директорите на неколку институции од редовите на ДУИ, а потоа и министрите.

Се вчитува...

Пристигна и претседателот Мета…

Во меѓувреме, за да се упатат кон споменикот на Скендербег, го почекаа лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Додека чекаа,тука беше вицепремиерот Бујар Османи за да му прави друштво.

Конечно, пристигна и Ахмети.

Мета, Џафери и Османи ја предводеа колоната. Најпрво, претседателот го прошетаа низ чаршијата, а потоа положија цвеќе кај споменикот на Скендербег.

Овде одлучија да дадат изјави за медиумите.

„Секако дека е задоволство да се започне оваа прослава, поклонувајќи се тука во стариот дел на Скопје пред споменикот на нашиот национален херој, во рамки на 550 – годишнината од сеќавањето на оваа фигура од европски размери“, изјави Илир Мета, претседател на Албанија.

„Ние како Албанци, имаме уште работа да направиме, но горди сме што ги претворивме во споменици сите  идеали што ги имале. Од подигањето на овој монумент, тука во стариот дел на Скопје, па сѐ до споменикот што се наоѓа пред вас и пред нас. Од поврзувањето на Леже, Битолскиот конгрес, Народноослободителната борба, па сѐ до последната борба на Ослободителната војска на Косово и Ослободителната национална армија“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Претседателот Мета не сакаше да го коментира бегството на Груевски преку Албанија.

„Денеска во Скопје е голем празник и имаме доста позитивна и инспиративна тема… За вакви прашања, и јас, но и другите власти во Албанија уште од порано дадовме одговор“, додаде претседателот на Албанија, Мета.

Претседателот Мета учествуваше на централната манифестација по повод 110 годишнината од Битолскиот конгрес, што ќе се одржи вечерва.

Репортер: Фуркан Салиу

Извор: ТВ21