-Вардариште не може да биде парк, ниту простор за прошетки. Тоа е депонија што повеќе од половина век труе и загадува, порача кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ.
Тој потсетува дека уште во 1970 година започнало истоварање отпад на просторот ископан по земјотресот во 1963 година, а во 1980 Вардариште е оформена како официјална депонија со ограда и цевки за метан. Во 2017 властите формално ја прогласија за затворена, но и денес продолжува да се користи како претоварна станица за отпад.
-Земјата и подземните води се длабински контаминирани, а неконтролираните палења постојано го трујат воздухот. Ако Вардариште е навистина затворено, тогаш не смее да се користи како претоварна станица. Ова е обврска и на институциите и на ЈП „Комунална хигиена“, затоа што единствена легална депонија во Скопје е „Дрисла“, нагласи Мециновиќ.
Тој предупреди дека идејата да се претвори во парк е лажно решение. „Не е хумано деца и луѓе да шетаат по отровен терен. Експертите велат: колку траела депонијата, толку години ќе бидат потребни за целосна деконтаминација“, изјави тој.
Како кандидат за градоначалник, Мециновиќ предлага конкретен план: Вардариште веднаш да се затвори за јавен пристап, сите остатоци од отпад да се транспортираат исклучиво во официјални регионални депонии, а позеленувањето на просторот да се планира долгорочно, со визија за неколку децении напред. Тој смета дека мора да се изврши техничка анализа за изградба на биогасна централа до 1 MW, со што метанот од Вардариште ќе може да се претвори во струја за уличното осветлување. Дополнително, потребно е целосно да се анализира и да се спроведат заклучоците од студијата за Вардариште изработена во 2014 година, како и да се изработи нова студија за можноста на овој простор да се изгради затворен фабрички центар за рециклирање на отпад.
-Вардариште е тест за одговорноста на институциите, но и на сите нас кои не смееме да им довериме мандат на оние што веќе имале безброј можности да постапат во интерес на здравјето на скопјани. Решението што го нудам е реално, системско и единствено во полза на граѓаните“, порача Мециновиќ.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 2.Кривична пријава против самостоен инспектор од СВР Битола – оддавал службени тајни
- 3.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 4.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 5.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!