Балкан

„Ми се плаче во каква држава живеам“ – Објавено интервју со сериски силувач во Србија, јавноста згрозена

„Ми се плаче во каква држава живеам“ – Објавено интервју со сериски силувач во Србија, јавноста згрозена

Српски „Информер“ кој е познат по објавувањето на „жолта штампа“ отиде чекор понатаму и ја шокираше јавноста објавувајќи интервју со сериски силувач.

Игор Милошевиќ во видео интервјуто кажува грозоморни работи, меѓу кои: „Земав нож, кујнски нож. Таа се разбуди, вели „што сакам. Така во паника „ќути, соблечи се“. Таму ја силував. Велам седни – таа седи, стани – таа станува, сврти се – сврти. Не жалам. Имам само мои потреби и желби. Што и да сакам. Ако се измиеш ќе бидеш ранлив, можам да те повредам. Ако имам намера да те силувам, ќе го сторам тоа“.

Бурни реакции во јавноста

Ова видео предизвика бурни реакции, а најавени се и протести.

„Објавувањето на ова интервју е шлаканица пред се за сите жени кои преживеале сексуално насилство од дотичната личност, но и за сите оние кои со денови вложуваат енергија во смислување тактики за безбедно одење по белградските улици, бидејќи нема системска заштита и чувствуваат дека се препуштени сами на себе“, се вели во соопштението на Автономниот женски центар.

Мрежата за демократски дијалог оцени дека по вчерашните наслови во весникот „Информер“ повторно „плука во лице на сите жртви на насилство, пред се на жените кои биле жртви на силувач кој добил свој медиумски простор“.

Одговори и поп-пејачката Марија Шерифовиќ

„Дали е можно некој да се потрудил да им даде можност на таквите луѓе да ги раскажат своите приказни, нивните злосторства, начините на кои ги извршиле? Дали сте нормални?“, врескаше Шерифовиќ на видеото на Инстаграм.

Твитер гори

Бурни реакции имаше и на Твитер.

„Девојки, внимавајте, ве молам.. Ме расплакува во какво време и држава живееме. Времето кога силувачот не советува да не даваме отпор додека не силува затоа што тогаш нема да не повреди… Колку и да врескаме, никој нема да не замолчи. Пазете се!”

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни