Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков е осуден на 8 години затвор за случајот под работно име „Трезор“, а се однесува на набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија.
Како управител на „Финси“ фигурираше сликарот Коста Крпач, кој кога се отвори истрага од СЈО за овој случај, беше најден мртов во станот, со куршум во градите. „Финзи“ првин ја купила опремата од „Гама“, а потоа му ја препродала на МВР за потребите на УБК каде што директор тогаш бил Мијалков.
Со препродажбата, а потоа и со одржувањето на незаконско набавениот уред за следење и пресретнување на комуникација преку компјутер, „Финзи“ од МВР испумпала 820.000 евра.
Башка, опремата не била функционална, а полицијата плаќала за одржување десетици илјади евра секој месец на правното лице „Финзи“.