Микрософт ветува: Наскоро подобрување на Windows 11

Во текот на следната година, можеме да очекуваме подобрувања во перформансите на корисничкиот интерфејс Windows 11.

Микрософт објави стабилна верзија 1.0 на својата Windows App SDK пред неколку дена, а тимот на програмери на компанијата одлучи да побара повратна информација од корисниците.

Откако многумина се пожалија на бавните и непроменети перформанси на корисничкиот интерфејс во Windows 11, тимот на програмери потврди дека всушност работи на решавање на овие проблеми во текот на 2022 година.

Програмерите на компанијата истакнуваат дека перформансите ќе бидат во фокусот на платформата во текот на следната година. Голем дел од тој фокус се однесува на перформансите за стартување на системот, како и на корекција на одредени елементи на интерфејсот кои се вчитуваат побавно.

Микрософт постигна многу напредок кога станува збор за решавање на проблемите кои доаѓаат од повратните информации од корисниците, барем кога станува збор за одредени аспекти.

Ова не е прв пат компанијата да споменува подобрување на перформансите на Windows 11. Во текот на септември, Microsoft објасни како оперативниот систем е дизајниран да ги извлече најдобрите перформанси од достапниот хардвер.