Милена Радуловиќ со солзи на доделувањето на наградите – актерката ја посвети на посебни лица

Милена Радуловиќ стана сопственичка на наградата „Освојување слобода“, а по официјалното врачување актерката одржа и говор.

Споменатата награда беше доделена по 21 -ви пат, а Милена посочи дека ја посветува на своите борци, односно девојките кои одлучија да излезат со неа со тужба против Мика Алексиќ.

Актерката го одржа говорот во солзи, а наградата ја посвети на нејзината мајка, која ја нарече „нејзин херој“.

„Оваа награда ми значи многу и доаѓа од вистински жени, кои ги почитувам и чија работа ја сакам, во вистинско време. Благодарна сум и почестена“, рече меѓу другото Милена Радуловиќ.