Милица Павловиќ ужива во позитивни коментари за нејзината улога во серијата „Пејачка“, а заедно со актерството работи и на нови песни за следниот албум.
„Со глума и улога во серијата, добив нова публика. Неизмерно сум среќна кога ми приоѓаат луѓе кои на почетокот ги гледам дека не ги слушаат моите песни, но ме фалат за серијата. Скоро ми се случи жената што води бутик во мојата населба да ме застане на улица за да ми каже како сите во семејството ја гледаат серијата. Нејзината жалба беше дека епизодите се прикажуваат само еднаш неделно. Ми беше чест да соработувам со сите овие луѓе и што проектот веќе доживеа толку голем успех“ – рече Милица.
Пејачката наскоро ќе го објави својот нов албум на кој ќе биде една песна која ја напишала покојната Марина Туцаковиќ. Текстот и го платила и не се плаши од тоа дека синот на Марина, Милан Лача Радуловиќ ќе каже дека должи пари.
„Една песна ми ја напиша Марина Туцаковиќ, заедно со нејзиниот син Лача. Многу ми е жал што на овој албум нема да има повеќе нејзини текстови. Со неа имав на некој начин убава поврзаност, постојано се слушавме… Не се плашам од зборовите на Лача, мирно спијам, јас сигурно не сум на таа листа. Имеме одговорност спрема соработниците и мора да бидеме професионални, особено спрема текстописците и луѓе кои прават музика, бидејќи сте тим кој заедно создавате и собирате плодови од заедничката работа… Нека се плашат други, јас немам зошто“, вели таа.
