Македонија

Милошоски: Дали Заеви преку посредници ја трампале правдата за милиони евра?

Антонио Милошоски денешната прес-конференција ја посвети на вчерашните т.н. „бомби“ на кои се претпоставува дека е гласот на адвокатот Димишков, брат на судијката Димишкова. Тој прашува дали Зоран и Вице Заеви преку посредници ја трампале правдата за 6 милиони евра?

„Денешната прес конференција би сакал да ја посветам на вчерашните аудио материјали кои што фрлаат уште едно појасно светло на најголемиот финансиски, рекетарски, политичко, судски скандал наречен „Рекет“.

Преку вчерашните аудио материјали се гледа дека еден познат скопски адвокат господинот Димишков инаку брат на судијката Весна Димишкова разговара со посредници кои што се поврзани со судските процеси кои што ги води СЈО и им нуди трампа пари за правда.

Се зборува за огромни суми на пари со кои што еден од бизнисмените требало да биде пуштен на слобода, а се наоѓал во притвор. Ќе цитирам гласот за кој што се претпоставува дека е на адвокатот Димишков вели – „Дајте 6 милиони евра, и ќе ја завршиме работата“. Ова го тврди адвокатот Димишков, ова го нуди адвокатот Димишков, брат на судијката која што определила мерка притвор.

Имајќи го во предвид разврската на случајот „Рекет“ како и низа отворени прашања на оваа тема се поставува прашањето дали адвокатот Димишков имал само лична моќ да нуди притвори, ослободувања од притвори и да бара пари за ослободувања од притвори. Или пак можеби адвокатот Димишков имал и судска моќ и политичка моќ преку одреден спонзор за да може да издејствува кому да биде одредена мерка притвор и за колку пари да биде укината таа мерка притвор.

Затоа многу сме зачудени што за адвокатот Димишков и за судијката Димишкова немало истрага во Јавното Обвинителство, во најмала рака за посредување и за уцена, или изнуда на пари од лица кои што биле предмет на обвиненијата на СЈО.

Главното прашање е дали и Вице и Зоран Заеви се ликовите во чие име зборува адвокатот Димишков, и дали адвокатот Димишков бара 6 милиони евра во име на Зоран и Вице Заеви.

Дали тие се политичкиот центар на моќ каде што треба да се уплатат 6 милиони евра за да се укине одредена мерка притвор?

Очигледно е дека се правени пазари со правдата. Сестрата судијка определува мерка притвор. Братот адвокат наоѓа посредници, бара пари, има центар за политичка моќ, и тие пари ги добиваат главните нарачатели на ваквите дејствија, и даваат наредба за укинување на мерката притвор“, рече Милошоски.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни