Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Собранието на Македонија одржа прес конференција, на која ставот го соопшти Антонио Милошоски кој истакна дека партијата нема да учествува во понатамошните фази на процесот за уставни измени, или како што самиот Милошоски го нарече „фарса“.
„Со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на заеднички заклучок на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, одлучивме да не земеме учество во следните фази на процесот кој повеќе е фасра отколку право, а тоа е процесот за измени на Уставо. Видовме дека власта и самиот референдум го направи фарса и не ја почитува волјата на мнозинствотро на граѓани. Видовте дебатата за амандманите се сведува на потпишување на амандманите кои однапред биле договорени од страна на Димитров и неговиот колега од Атина, а уште поголема фарса е јавната дебата“, истакна Милошоски.
