Македонија

Милошоски: Нема датум во декември, Албанија сака да се одвие од пакетот со Македонија

Пратеникот Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека Македонија ја губи и последната шанса за добивање на датум за старт на преговори со ЕУ за оваа година.

„Денес во Вашингтон на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност успеав да поразговарам со колегите Cédrik Perrin 🇫🇷, Ine Søreide 🇳🇴 , Jan Farsky 🇨🇿, Monika Gregorčič 🇸🇮 , Mimi Kodheli 🇦🇱 & Audronis Azubalis 🇱🇹 на теми од билатерален интерес, како и за дискусиите во Брисел поврзани со процесот на европските интеграции. Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јан-јули 2022 година“, пишува Милошоски.

Тој додава дека во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни