Милошоски: Власта нека свика седница, ќе присуствуваме да има кворум за носење на законот

Откако во текот на вчерашниот ден беше одложена седницата за носењето на закон за заштита на населението од пандемијата, поради тоа што од ВМРО-ДПМНЕ побарале дополнително време да го разгледа предлог-законот.

Денеска пратеникот Антонио Милошоски на прес-конференција ја повика власта да свикаат собраниска седница, и дека ќе присуствуваат да има кворум, но ќе гласаат воздржано. Уште еднаш Милошоски потсети дека опозицијата смета дека тоа нема да придонесе за намалување на здравствената криза.

„Да не излезе дека опозицијата е кочничар, ја повикуваме власта да свика седница денеска на која ние ќе присуствуваме. Ќе гласаме воздржано, но ќе овозможиме овој закон да помине. Уште еднаш повторувам дека сметаме дека тоа нема да придонесе за намалување на бројот на заразени“, рече Милошоски.

.

Извор: ТВ21