Минатата година во Сенегал од маларија биле заразени 536 илјади 850 лица, а 399 од нив починале.
Дуду Сене, координатор на Сенегалската програма за борба против маларија, во изјава за печатот рече дека случаите на маларија во земјата се зголемени во споредба со претходната година.
Тој истакна дека во 2020 година се регистрирани 445 илјади 313 случаи на маларија, а оваа бројка е евидентирана како 536 илјади 850 во 2021 година.
Нагласувајќи дека се зголемени и смртните случаи од маларија, Сене рече дека во 2020 година починале 373 лица, а во 2021 година 399 лица поради оваа болест.
На секои две минути по едно дете умира од маларија
Најчеста во Африка, маларијата убива дете на секои две минути.
Додека просечно годишно 500 илјади луѓе умираат ширум континентот поради оваа болест, половина од оние кои умираат се деца.
Маларијата, која се пренесува со каснување од паразитски комарци и се јавува по просечен период на инкубација од 7 дена, дава симптоми како треска, потење, главоболка, гадење, повраќање, болки во мускулите и слабост.
