Американската министерка за финансии Џенет Јелен јадела печурки во Кина кои биле халуциногени, изјави таа самата за Си-Ен-Ен. Ова патување можеше да испадне како многу лошо искуство доколку печурките не беа соодветно подготвени, напомена ДПА.
Јадењето со печурки беше одлично“, рече Јелен во синоќешното интервју. „Не знаев дека овие печурки имаат халуциногени својства. Тоа го дознав подоцна“, додаде таа.
Таа рече дека не го научила ова кога ги ставила слушалките за да слуша Пинк Флојд по вечерата, но прочитала дека кога печурките џиан шу кинг се зготвени правилно, тие ги губат своите психоактивни својства.
Печурките за кои станува збор се деликатес од Јунан, јужна Кина, во близина на границата со Виетнам, кој Јелен го посети и за време на нејзината јулска турнеја.
77-годишната министерка, родум од Бруклин, била во ресторанот Ји Зуо Ји Ван, каде го јадела споменатото јадење со печурки џиан шу кинг, чие име во превод значи „Види сина рака“. Јелен забележува дека таа не ја направила нарачката и дека никој во друштвото не халуцинирал по вечерата.
Питер Мортимер, професор на кинескиот институт за ботаника Кунминг, изјави за Си-Ен-Ен дека познава луѓе кои без проблеми се шетале три дена откако ги изеле истите печурки што ги консумирала Јелен. Тој појаснува дека не е јасно зошто џијан шу кинг има таков ефект.
„Останува мистерија, а повеќето извештаи за својствата на овие печурки се анегдотски“, вели тој.