Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност,
Роберт Поповски, следејќи ја реакцијата на Здружението на новинари на
Македонија (ЗНМ), апелира до Академијата за судии и обвинители, да
обезбеди јавност во својата работа, и при изборот на директорот, согласно
начелата утврдени во Статутот за работа на Академијата.
Според министерот Поповски, јавното и транспарентно работење значи и
одговорно работење, при што неопходно е на претставниците на медиумите
да им се овозможи пристап до информации, меѓу другото и преку
обезбедување јавност на седницата за избор на директор на Академијата.
Се вчитува...
