Македонија

Министерот за администрација тврди: Ни фалат вработени во централната власт

Министерот за администрација тврди: Ни фалат вработени во централната власт

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити кажа дека со реорганизација на администрацијата ќе се намали бројот на директори.

„Ќе се намали бројот на директори и на членови на Управни одбори, а не на вработени. Ќе имаме дефицит на вработени во централната власт. Вработените ќе останат, а ќе има директори кои во 2024 година нема да бидат повеќе на таа позиција“, вели Алити.

Алити, исто така, кажа дека работат на зголемување на платите на вработените во централната власт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни