Министерството за финансии на САД: 30 милијарди долари имот на руските олигарси замрзнати

Американското Министерство за финансии објави дека е замрзнат имотот во вредност од 30 милијарди долари на руски олигарси, кои беа санкционирани по рускиот напад врз Украина.

Во соопштението дадено од министерството, беше наведено дека Работната група на руските елити, полномошници и олигарси (РЕПО) користи мултилатерална координација за блокирање или замрзнување на имотот на санкционираните Руси и значително ограничување на нивниот пристап до финансискиот систем.

Во соопштението, беше забележано дека во првите 100 дена од Работната група РЕПО, 30 милијарди американски долари средства што им припаѓаат на санкционираните руски олигарси беа блокирани или замрзнати.

Во соопштението во кое се наведува дека е замрзнат имотот на Централната банка на Русија од приближно 300 милијарди долари, се наведува дека се запленети и јахти и луксузни недвижности во сопственост на санкционираните Руси.

Во соопштението се наведува дека пристапот на Русија до глобалниот финансиски систем е ограничен, што го отежнува снабдувањето на Русија со потребната технологија за да ја продолжи својата „нефер“ војна во Украина, „Продолжуваме да ја зголемуваме цената на војната за Русија”, се вели во соопштението.