Специјалното јавно обвинителство и Финансиската полиција секојдневно бараат од Министерството за култура документи од проектот „Скопје 2014“, како докази за истрага на 10 објекти за кои постои сомневање дека при нивна изградба биле проневерени пари. Министерот за култура, Асаф Адеми, синоќа во дебатниот магазин „Клик Плус“, рече дека веќе неколку дена неколку вработени во неговиот ресор се ангажирани само за копирање на документацијата што им е побарана.
-Замислете колку обемна документација беше потреба да се исфотокопира и да им се достави на истражните органи. Верувајте дека значителен број вработени во Министерството не прават ништо други освен што копираат документи – изјави Адеми.
Екипата на ТВ21 отиде во Министерството за култура, каде забележавме дека принтерот во архивата на ресорот работи без прекин. Портпаролката во Министерството за култура, Нурџан Асановска, рече дека барањата на Финансиската полиција и СЈО се чести и дека неколку вработени поголемиот дел од денот го поминуваат копирајќи документи.
-Вака работиме секој ден. Ги копираме барањата на секој надлежен истражен орган. Како пристигнуваат барањата, така и ние работиме правилно и најбрзо што можеме, со цел да им одговориме со фотокопирани документи, за потоа да им ги доставиме и на надлежните истражни органи – вели Асановска.
Министерот за култура Адеми, рече дека работата во два објекти од „Скопје 2014“ не била стопирана поради договорите кои биле склучени со компаниите. Станува збор за фонтаната Мајка Тереза и објектот на скопскиот театар, кој требаше да се изгради во Карпош, но изградбата сѐ уште не започнала.
Репортер: Африм Јонузи
