Општина Студеничани доставила проект за решавање на проблемот со недостигот на вода во село Долно Количани. Ова го велат од Министерството за транспорт и врски од каде тврдат дека проектот чини 1.6 милиони евра. Од таму велат дека се разгледува можноста истиот да биде финансиран.
„Доставен е проект. Истиот достигнува вредност од 1.6 милиони евра. Се разгледуваат можностите и се бараат извори за финансирање“, велат од Министерството за транспорт и врски.
Секретарот на општина Студеничани, Бурханедин Нухиу минатиот петок за ТВ21 рече дека проектот опфаќа три населени места и дека општината нема фондови за да го покрие.
„Неколку пати се обративме со барање до Министерството за транспорт и врски, Владата преку ова министерство да го финансира реализирањето на овој проект. Другиот проект, за езерата кај Салаково, кој претставува голем проект и опфаќа три општини, ја опфаќа и општина Зелениково и Кисела Вода а вредноста на проектот е 100 милиони денари, што општина Студеничани не може да ги обезбеди.“, вели Нухиу.
Жителите на село Долно Количани минатиот петок за ТВ21 рекоа дека со овој проблем се соочуваат со децении и велат дека се разочарани од надлежните, а како опција спомнаа бојкот на изборите. Нивното барање е барем краткорочно решение за оваа зима за да не мора да да одат до околните села за да обезбедат вода.