Минусни температури и снег во северозападните делови на Македонија

Денеска во Македонија ќе биде студено, претежно со минусни температури речиси во текот на целата земја. Најстудено ќе биде во битолскиот регион, каде што температурите утринава се спуштија и до -16 степени.

Во струмичкиот регион беше најтопло, а само таму и во средишниот дел на Македонија се очекуваат температури над нулата во текот на денот.

Попладне ќе има и врнежи од снег со слаб интензитет, особено во северните и западните подрачја, додека на истокот и во југоисточните делови не се очекуваат врнежи.

Извор: ТВ21