„Мириса“ на предвремени избори – партиите се кренаа во кампања

Први кампања почнаа ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи ги „Разговори за обнова на Македонија“, потоа и СДСМ под мотото „На прав пат“, а денеска и Либерално-демократската партија најави дека тргнуваат на средби и разговори со граѓаните „Размислувај различно, либерално кон Европа“.  Дека на големо се подготвуваат за предвремени избори говори и тоа што опозициската партија се зајакна со тим од стратешки соработници, додека владејачката се ребрендираше, а ЛДП на денешниот Централен одбор се доекипираат и назначија нови потпретседатели. Лидерот на партијата Горан Милевски вели дека на трибините ќе ги промовираат либералните вредности и нивната визија како треба да биде нашава земја пред влегувањето во Европската унија. Иако се во владината коалиција кампањата ќе ја водат самостојно најавуваат 6 поголеми митинзи и голем број трибини и средби со граѓани.

Вчера во Штип СДСМ одржа прва граѓанска трибина во рамките на нивната кампања „На прав пат“на која говореше премиерот и лидер на партијата Зоран Заев.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој веќе една недела е на терен со трибини на обраќањето од Ресен главно со критики до власта.

И албанската опозиција најавува зајакнување на партиите што само по себе претставува подготовка за избори. Пратеникот Сурија Рашиди вели дека Алијанса за Албанците ги консолидира своите редови а започнале и средби со граѓани

ДУИ и претходно почна еден вид кампања со неформални средби со граѓани, а лидерот на партијата Али Ахмети се појави на свечено пуштање во употреба на улици во Долнени и Гостивар. Инаку, неофицијално според извори на ТВ21 терминот за предвремени парламентарни избори најверојатно ќе биде во мај идната година, на што опозицијата не се согласува и бара тие да се одржат во март.

Извор: ТВ21