Мис Универзум 2021 година, 21-годишната Харназ Саду, остави зад себе 79 прекрасни натпреварувачки кон средината на декември минатата година и сега гордо ја шета својата титула низ светот.
Оваа убава девојка се преселила од Индија во САД за да помине една година работејќи со организацијата Мис Универзум.
Таа моментално е во Њујорк и нејзините фотографии го обиколија светот – со круна на главата и неодолива насмевка изгледа како принцеза.
Да потсетиме, Саду стана третата Индијка која ја освоила оваа ласкава титула, пишува Thenationalnews. Таа е силен поборник за зајакнување на жените, особено нивните уставни права и правото на образование, кариера и слобода на избор.
