Мисајловски: Многу наскоро ќе бараме брзи предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи конгрес на 12 декември на кој ќе се избира претседател на партијата, во следниот период ќе има јавен повик за кандидат за новиот лидер, засега претседателот Христијан Мицкоски ужива најголема доверба.

На Централниот комитет вечерва е донесена одлука конгресот да се одржи во Скопје.

-Во наредните денови ќе има јавен повик се разбира согласно статутот секој да си аплицира, оној што има шанси и што сака да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ се разбира ние како партија даваме целосна поддршка на претседателот и се надеваме секој што сака ќе може да се пријави, ќе биде јавно, транспарентно и ги повикуваме сите граѓани да не следат во следниот период, ќе има убави пораки од Централниот комитет, вели Мисајловски во гостувањето во Дневникот на телевизија Сител.

Тој додава дека очекуваат во следните денови да слушнат што ќе се случува со мнозинството на СДСМ.

-Немаат ни договор со Алтернатива, дали ќе има нови пазари, во Македонија се е можно, но ние да си продолжиме по оној пат кој го тераме. Ние ќе си бидеме опозиција и ќе бараме брзи предвремени избори и се разбира со сите наши демократски алатки во брзо време ќе успееме, вели Мисајловски.

Додава дека ќе продолжат да комуницираат со сите партии и на локално ниво во многу општини каде победиле веќе имаат соработка.

Конгресот инаку ќе се одржи во спортската сала Јане Сандански.

Поврзани вести

Од полноќ нова цена на горивата

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по...

ЗОШТО НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ГРЕШИТЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Животот уште посурово ви враќа сè што правите!

Еднаш имаше една слаба старица која, откако ѝ почина саканиот сопруг, отиде да живее со синот, снаата и внукот. Нејзиниот вид и слух се влошуваа секој ден. Понекогаш рацете...

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за...

13 лица ја изгубија битката со ковид-19 – најмладите 35 и 39 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19. Регистрирани сe 393 оздравени пациенти, а регистрирани се...

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...