Мисајловски: Оваа Влада ќе биде запаметена како најнеспособната во Република Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, денеска беше во посета на Свети Николе, и од таму истакна дека ништо од она што СДСМ им ветила на граѓаните на овој град, не го исполнила. Според него, тоа е слика и насекаде во земјата.

„Денеска дојдовме тука во Свети Николе да видиме дали има капитални проекти, но за жал може да ја видиме истата слика насекаде во Република Македонија.

Се вчитува...

Во Свети Николе беше ветено дека ќе има целосна гасификација, дека ќе се поврзат сите јавни установи со гасификацијата, но може да видиме дека апсолутно ништо не се работи.

Во Свети Николе нема капитални инвестиции иако се ветуваа градинки, се ветуваа спортски сали, се ветуваа многу проекти за цело Свети Николе. Но исто како Владата на Република Македонија, така и локалната самоуправа апсолутно не прави ништо.

Дефинитивно оваа Влада ќе биде запаметена како најнеспособната Владата во Република Македонија.  Но своите пипци Владата ги пуштила и во локалната самоуправа. Може да видиме дека апсолутно нема ниту еден проект, апсолутно слушаме дека постојано нешто ќе се направи, но за жал на терен нема ништо.

Капиталните инвестиции во Република Македонија се на едно мизерно ниво. СДСМ е Влада која многу ветува, а ништо не прави.“, рече Мисајловски.

Извор: ТВ21