Повеќе од 9 милиони евра ќе одвои Европската унија за изградба на колектори за отпадни води на реката Вардар во скопската општина Аеродром, а потоа ќе се отпочне со изградба на пречистителна станица на Град Скопје.
„Ова е проект за животна средина, кој ќе ја оствари нашата заедничка визија за Вардар да биде повторно чист. Колекторите ја носат отпадната вода надвор од градот до местото каде што во иднина ќе биде пречистителната станица. Ова е еден од проектите“, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Најави изградба на пречистителни станици во Тетово и во Битола, и втората фаза во Кичево.Министерот за животна средина Насер Нуредини во изјава дека ова е најголемата инвестиција за животна средина во нашата земја заедно со ЕУ и со различни институции.
„Очекуваме колекторскиот систем да биде завршен до крајот на годината и да започне процесот на изградба на пречистителната станица исто така оваа година. Овој проект е гранција дека реките во иднина ќе ни бидат почисти. И исто така дека ќе имаме подобра соработка со нашите соседи бидејќи нашите реки се влеваат во нивните земји“, рече Насер Нуредини.
На крајот на минатата година е потпишан договор за заем со Европската инвестициска банка за изградба на Пречистителна станица во Скопје.
За , Заменик претседателот на Европската инвестициска банка Мекдауел ова е многу важен проект кој треба да придонесе за подобрување на квалитетот на реката Вардар.
„И ништо не е поважно од проектот за пречистителната станица на отпадни води во Скопје, овде позади нас ја гледаме реката Вардар, која минува низ Скопје и долж целата држава се до Грција. И во моментот реката е загадена од канализациски отпад и овој проект ќе придонесе за задоволителни стандарди и квалитет на водите кои ги очекуваат граѓаните. Ова е многу важен проект“, вели Ендрју Мекдауел.
Пред напуштањето на државата, увид на локацијата изврши и претседателот на Советот на Европа Мишел, заедно со евроамбасадорот Жбогар, вицепремиерот Османи и министерот Нуредини.