Чудни радио сигнали доаѓаат од центарот на нашата галаксија, Млечниот пат, а научниците не можат да откријат кој е изворот.
Кинески студент на Универзитетот во Сиднеј прв ги откри радио брановите.
Тоа го направи за време на специјализација во Вселенската опсерваторија во Западна Австралија, користејќи го радиотелескопот АСКАП.
Неговото откритие подоцна го потврдија и други астрономи. Сепак, никој не може да разбере кој е изворот на сигнал. Радио брановите одговараат на моделот на променлив радио извор и можат да потекнуваат од нова класа ѕвездени објекти. „Најчудната карактеристика на овој нов сигнал е тоа“, велат тие.
Има многу висока поларизација
„Ова значи дека нејзината светлина осцилира само во една насока, но таа насока се менува со текот на времето“, вели откривачот Зејтанг Ванг, доктор на науки на Физичкиот факултет на Универзитетот во Сиднеј.
„Се вклучува и исклучува очигледно по случаен избор. Никогаш не сме виделе нешто слично. Отпрвин мислевме дека можеби е пулсар-мртва ѕвезда која се движи со голема брзина или ѕвезда што емитува огромни ерупции. Но, сигналите од овој нов извор не се совпаѓаат со она што го очекуваме од овие типови небесни објекти”, рече Ванг.
По откривањето на шест радио сигнали од мистериозниот извор за девет месеци, астрономите се обидоа да го најдат објектот во спектарот на видливата светлина. Но не пронајдоа ништо дури и со почувствителниот радиотелескоп MeerKAT во Јужна Африка.
„За среќа, сигналот се врати, но откривме дека однесувањето на изворот е драстично различно“, вели водачот на проектот, професорот Дејвид Каплан од Универзитетот во Висконсин-Милвоки.
Научниците планираат внимателно да го следат објектот за да дознаат повеќе индиции за него.
Во следната деценија ќе започне да работи трансконтиненталниот телескоп (СКА) на квадратен километар, а за него професорката Тара Марфи од Институтот за астрономија во Сиднеј вели дека ќе можеме да очекуваме моќта на овој телескоп да ни помогне да ги решиме мистериите како оваа.
