Непознат добротвор, кој во јавноста е познат само како поранешен жител, донираше големи суми пари за жителите на словенечката општина Превалје.
Добротворот веќе донираше неколку тони храна за локалниот Каритас, библиотеката на локалното основно училиште доби книги, спонзорираше курсеви за наставници и донираше дури два милиони евра за изградба на спортски парк, пренесува 24ur.
Се знае само дека станува збор за лице кое на тоа место посетувало основно училиште, но сакал да остане целосно анонимен. Оние на местото што знаат за кого се работи, не сакаат да го откријат неговото име. „Му реков дека му се заблагодаруваме и му се восхитуваме за тој потег, а тој рече дека ни се восхитува што им помагаме на сите овие луѓе“, рече шефот на локалната филијала на Каритас во областа.
„Донира поради чувството на припадност кон средината во која пораснал“, изјави претходно градоначалникот Матиќ Тасиќ за словенечко Дело.
