Мистериознаta вила на украинскиот претседател во Италија

Петнаесет дневни соби плус шест спални соби, голема егзотична градина и базен – вака италијанските медиуми ја опишуваат мистериозната вила што украинскиот претседател Володимир Олександрович Зеленски ја купи пред неколку години во Форте деи Марма за речиси четири милиони евра и се верува дека откако ја има никогаш не ја посетил.

Италијанските медиуми ја нарекуваат вилата мистериозна бидејќи деновиве се обидуваат да откријат дали украинскиот претседател некогаш престојувал во објектот што му се припишува. Имено, во Форте деи Марма, мало гратче кое припаѓа на луксузни локации во Тоскана, компанијата во негова сопственост ја купила оваа вила за 3,8 милиони евра.

Основачот на студиото „Mansi & Associati“, Отавио Франческо Манси, за италијанскиот весник Libero Quadidiano изјавил дека никогаш немал можност да се сретне со претседателот Зеленски, но дека запознал луѓе кои работат за него.

„Иван Баканов денеска е еден од главните советници на претседателот, задолжен за безбедност. Оваа вила не ја користи претседателот или неговото семејство, туку е изнајмена“, рече тој.

Во 2019 година, веб-страницата slidstvo.info објави дека поранешната ТВ ѕвезда, а денес претседател на Украина „криел дека ја поседува оваа вила“, а други извори јавуваат дека двојката Зеленски ги поседува и „Студио Квартал 95“, „Зелари Фиш“, „Алдоранте“ ограничено „во Кипар“, „Филмско наследство“ во Белизе и „Сан Томазо“ во Италија.

Вилата се наоѓа во зона каде луксузните вили се во сопственост на руски тајкуни кои моментално се на црната листа објавена во Службениот весник на Европската унија и на која има 680 богаташи на кои им се воведени меѓународни санкции.

Според италијанските медиуми, Европската унија усвои пакет санкции во кој се вклучени богати банкари и претприемачи од Русија чиј имот е „замрзнат“ и им е забрането да минуваат низ територијата на Европската унија.

Сепак, долгоочекуваното лето на италијанскиот брег, вклучително и Сардинија и другите ексклузивни одморалишта, најверојатно ќе падне во вода, што ќе влијае не само на богатите Руси, туку и на италијанската економија, бидејќи богатите Руси и другите граѓани на поранешните советски републики исто така се познати по огромните бакшиши кои им ги оставаат на италијанскиот персонал, како и по шопингот кој надминува неколку десетици илјади евра!

Жителите на местото каде што се наоѓа вилата на претседателот на Украина велат дека последен пат го виделе пред две години, дека бил многу дискретен и многумина не го ни забележале. Други велат дека никогаш не го виделе и дека најверојатно оваа вила ја купил како инвестиција.

Некои пак тврдат дека го виделе како се сонча на плажата Алпемаре во Версилија. Од друга страна, се шират гласини дека вилата била изнајмена за 12.000 евра месечно.