Не постои човек во оваа држава кој не ја научи лекцијата по трагедијата – дека за секој пропуст или незаконско постапување во минатото, цената се човечки животи и со тоа не постојат компромиси“. Ова го истакна владината портпаролка Марија Митева во интервју за 4tv.mk, зборувајќи за институционалната одговорност една година по кобниот настан во Кочани.
Таа наведе дека Владата направила сеопфатна анализа на институционалните слабости кои биле наследени од претходно. Според неа, во минатото многу се говорело за нефункционалност на институциите, што на крајот резултирало со трагични последици.
Иако Митева одби да ги коментира деталите од судскиот процес кој сè уште е во тек, таа децидно порача дека институциите имаат обврска да постапуваат исклучиво согласно законите и прописите. Целта на сите преземени активности во изминатата година е да се подигне безбедноста и ваквите трагедии никогаш повеќе да не се повторат.
