Актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев е победник во првиот круг на изборите за неговата општина.
Прилеп, Виница, Петровец, Карбинци, Јегуновце, Новаци, Могила,Босилово, Василево, Градско, Кавадарци, Сопиште, Свети Николе се општините во кои ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во првиот круг.
Како што информираат од партијата, во водство се во Велес, Штип, Охрид, Радовиш, Гевгелија, Битола, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел.
Членовите на партијата се веќе излезени пред главниот штаб во Скопје и ја слават победата во повеќето општини.