Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески изјави дека имаат мнозинство во овој момент од 61 пратеник, како и дека премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев утре ќе има средба со лидерот на Алтернатива Африм Гаши и други претставници на опозицијата на која ќе се разговара со зголемување на новото парламентарно мнозинство.
– Тие реговори ќе продолжат и какви места ќе се понудат за тоа е дадено овластување на Заев од ЦО на партијата и понатаму ќе носиме одлуки низ партиските телата, изјави Митрески.
Тој, исто така, нагласи дека има и други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка и дека очекува и тие имиња да се споменат.