На денешната седница координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски се обрати до претседателот на Собранието, Талат Џафери во врска со пратениците кои пред изминат период беа исклучени од партијата ВМРО)ДПМНЕ. Тој истакна дека до Собранието на РМ бил исптаренен допис, во кој известуваат дека дел од пратениците кои ја формираа новата пратеничка група се исклучени од членството на партијата и се бара од претседателот на Собранието да ги преземе сите потребни мерки и активности за истите да не го користат името и симболот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа ве замолуваме господине Џафери колегите да ги ословувате како Независна пратеничка група, затоа што власта во РМ не може да си нарача опозиција и да дебатира со нив. Би ве замолил да се држите до тоа колегите да се ословуваат како независни пратеници без некоја задна намера.“ рече Мицевски.
