Мицкоски: Ајде донесете закон за амнестија, да има слобода за сите (видео)

Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во своето вечерашно обраќање повика да се донесе закон за амнестија, кој ќе ги опфати сите учесници во 27. април.

„Слушајте ме добро ваму, ајде донесете закон за амнестија кој го предлагаме за сите учесници за 27-ми април, за да има и неселективна правда и слобода за сите, а не селективна правда за само оние кои што вас ви слугуваат“, изјави Христијан Мицкоски – лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на денешната прослава на празникот 23 октомври, денот на македонската револуционерна борба и основање на македонската револуционерна организација. Почнувајќи од историјата на овој ден, Мицкоски се осврна и на сегашните случувања во македонската политика, истакнувајќи дека „црниот петок“, денот кога беа изгласани уставните промени, бил најтешкиот ден во неговиот живот.