Македонија

Мицкоски: Бришењето на предметот историја не е случајност – „Царовска избрза со реформата“, смета Џафери

Мицкоски вели дека бришењето на предметот историја не е случајност.

Моја теза е дека или асимилација или евроинтеграција е проект – како да дојдеме по скратениот пат. Случајно е или не е случајно ова што се случува со бришењето на предметот „Историја“? Не е случајно. Откако гледате дека не можете да ги менувате членовите на Комисијата која преговара за историските настани, најдобро е тогаш да го избришете предметот „Историја“ па тогаш децата нема да учат историја. Или ќе учат некоја енциклопедиска историја. Тоа е најлесно, вели Мицкоски.

Џафери во „Click Plus“ на ТВ21 коментираше и за она што Министерството за образование го подготвува како целосна реформа на основното образование (наставни програми и учебници).

„Царовска предвреме излезе во јавноста со тие тези. Потребна е посебна анализа, сериозна дебата. Моментот е погрешен. Не е вистинско време сега да се отвори таа тема“, потенцираше Џафери во „Click Plus“ на ТВ21.

Според Царовска, со новата концепција треба да го постигнат полниот потенцијал кај секое дете, а низ образовниот процес да создадат граѓанки и граѓани кои ги почитуваат вистинските граѓански вредности како што се родова еднаквост, толеранција и ненасилството.

Џафери во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека ова е брза реакција на министерката за образование Царовска и дека за ова е потребна сериозна дебата и анализа.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни