Македонија

Мицкоски: Добивме официјална потврда, утре ќе се одржи средба меѓу Муцунски и Петрова

Мицкоски: Добивме официјална потврда, утре ќе се одржи средба меѓу Муцунски и Петрова

Билатерална средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, ќе се одржи утре во Софија, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Средбата е потврдена преку официјална дипломатска нота, а ќе се одржи во рамки на меѓународната конференција на министерско ниво посветена на развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8.

Мицкоски појасни дека точниот формат и начинот на одржување на средбата дополнително ќе бидат договорени преку дипломатски канали.

„Во текот на вчерашниот ден добивме официјална потврда за билатерална средба, а форматот и начинот дополнително ќе бидат договорени, стои во дипломатската нота. Така што утре ќе има билатерална средба, ќе видиме во кој формат и како ќе изгледа таа средба, дали ќе биде pull-aside, дали ќе биде билатерална на маргините на Самитот за Коридорот 8“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека станува збор за мултилатерален настан и дека останува да се види како домаќинот ќе ја организира средбата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни