Мицкоски: Ќе ја paзвластам власта на Заев

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, изминатите локални избори, како и за очекувањата за наредниот период и формирањето ново парламентарно мнозинство.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф.др Христијан Мицкоски е уверен во намерата да ја развласти власта предводена од Зоран Заев, СДСМ и ДУИ. Тој вели дека вакво безредие, здравствен хаос и економски очај не смее да продолжи ниту ден повеќе. Граѓаните на локалните избори ја искажаа својата желба, а тоа значи дека СДСМ и ДУИ треба да заминат во опозиција, вели Мицкоски.

„Јас кажав дека заедно со сите политички партии кои што се против овој режим, ќе го развластиме Зоран Заев. СДСМ и ДУИ на овие избори се апсолутни губитници, а тоа само говори за гневот на граѓаните кои што го чувствуваат кон оваа власт, поради сите губитнички политики изминатите години. Развластувањето на оваа власт не е желба на Христијан Мицкоски, туку насушна потреба за земјата да почне да се развива и да заврши еднаш засекогаш со криминалот и корупцијата. Република Македонија мора да стане земја на прогрес и унапредувања, наместо уназадување и кражби“, истакна Мицкоски.

СДСМ и ДУИ не сакаат да поверуваат во дебаклот кој го доживеаа на овие локални избори, односно не беа спремни за брзо напуштање на власта, но за нивна жал ќе мораат. Граѓаните избраа и нивната волја ќе мора да се почитува. Оваа власт на Заев и Ахмети, прво ќе биде развластена, а потоа ќе одговара за сите лоши политики изминатите години.

Правдата еднаш ќе мора да заживее во државата, а со тоа и да се вратат вистинските принципи и вредности по кои ќе функционира општеството. Владата која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира ќе работи исклучиво на подобрување на економијата, здравството и се она кое што оваа моментална расипничка власт го клекна на колена, заврши Мицкоски.

Поврзани вести

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни почивалишта. Поворката тргна од Скопскиот аеродром каде...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на Скопскиот аеродром. Почит на загинатите им оддадоа претседателот...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија пристигнаа, а останките во моментов ги пречекува висока државна делегација....

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...