Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНе денеска присуствуваше на Божиќната литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Од таму на сите верници им посака честит Божиќ и посака оваа година да биде поуспешна од минатата.
-Ја користам оваа прилика од Соборниот храм во Скопје на сите верници од православна христијанска вероисповест да им посакам среќно Христово раѓање, среќен Божик, здравје, среќа, бериќет, насмевки и успеси за нив и за нивните семејства. Новата 2019 година да ни биде на сите нас многу поуспешна и подостоинствена споредено со изминатата 2018 година“, рече Мицкоски.
Се вчитува...
