Мицкоски: Нема кревети по болници, и кислород нема, и никој не сноси одговорност

Не можевме, а да не слушнеме коментар од Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, околу справувањаето на владата со коронавирус. Еве што тој одговори на вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21:

„Нема кревети, нема кислород, еве погледнете во болницата во Битола, нема паравани меѓу починатите и оние кои примаат помош, и никој не сноси одговороност. Ние можеме да предложиме решение, но ако нема кој да го слушне“, рече Мицкоски кој кажа дека власта потфрлила кај елементарните, наједноставните работи.

„Наједноставна работа, да купат кревети, паравани и кислород. Имаме целосен дебакл, класичен дебакл, и никој не сноси одговорности, и наместо да имаме 2000 заразени, ние сега имаме толку починати“, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Нема кревети по болници, и кислород нема, и никој не сноси одговорност appeared first on TV21.mk.