Мицкоски од протестот во Велес: „Криминалната Влада да замине што поскоро“

Протести на опозициската ВМРО-ДПМНЕ оваа недела во Велес. Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски и неговите симпатизери побараа оставка од Владата на Заев, која според лидерот на опозициската партија, повеќе од 18 месеци води криминални политики против народот.

Мицкоски го потсети Заев на изборниот слоган, дека ќе донесат живот во Македонија, но како што вели  се што донела актуелната влада е само црнила. Го потсети исто така и на слоганот “Без правда нема мир“, а рече дека денеска тргуваат со правото и правдата.

Поскапувањето на лебот и акцизата, лошите болнички услуги, слабата поддршка на земјоделците, беа некои од точките на кои лидерот на опозицијата ја критикуваше власта. Беше побарана оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Мицкоки уште еднаш го покани премиерот Заев за ТВ дуел. На условот на Заев за да понуди алтернатива или да каже дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО,прифаќајќи го преспанскиот договор, Мицкоски одговори дека веќе неколку пати рекол дека Договорот е капитулантски, а алтернативата што ја нуди опозицискиот лидер е заминување на Заев од власт. Затоа, уште еднаш побара, тој самиот да избере медиум за директен ТВ дуел. Со реакција се јави СДСМ. Од таму велат дека анти НАТО Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии, освен црнила не нуди ништо добро. Македонија оди напред кон иднината и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот, велат од СДСМ.

Репортер: Бесир Арифи

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното