Македонија

Мицкоски одби да им се обрати на демонстрантите пред Собранието (ВИДЕО)

Веднаш после прес-конференцијата пред Собранието, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им се приклучи на демонстрантите пред Парламентот, кои се собраа да протестираат против устаните измени. Тие го повикаа Мицкоски да им се обрати, меѓутоа претседателот на опозицијата одби да им се обрати на граѓаните со образложение дека не било безбедно.

На крајот Мицкоски го собра гневот на демонстрантите кои побараа дури и оставка од него.

„Ние не сме само за сликања и за реклами“, му порачаа на Мицкоски демонстрантите.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни