Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври.
По посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, тој најави дека следното покачување ќе следи напролет.
„Од 1 октомври започнува првичната корекција на пензиите преку линеарно зголемување, а нова корекција ќе има напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и вкупното линеарно зголемување ќе изнесува 7.000 денари по пензионер, што е над предвидените 5.000 денари кои ги најавувавме за време на кампањата“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.
Во посетата на Клиниката, премиерот беше придружуван од министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Читај и ова:
- 1.ГАЛЕРИЈА Сјај и беда: Двете лица на градот крај реката
- 2.Дневен хороскоп – сабота – 27 септември 2025 година
- 3.Три неработни денови за сите граѓани остануваат до крајот на оваа година
- 4.Изгоре продавницата на „Синсеи“ во Неготино пред официјалното отворање
- 5.ДЕНЕС Е КРСТОВДЕН: Тежок празник и строг пост!