Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори на кои народот ќе одлучи дали е за Северна

Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Тие го сменија името Македонија. Го сменија и македонскиот идентитет.

Ги предадоа македонската култура, традиција, спорт и образование. Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Го понижуваат народот. Ги осиромашуваат граѓаните. Ги омаловажуваат хероите.

Го менуваат карактерот на македонската држава. Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Денес по водство на Заев, Македонија е поделена, поранлива и послаба. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори. Избори на кои вие, народот ќе одлучите дали сте за понижена Северна Македонија или пак сте за напредна и успешна Република Македонија.

Избори на кои ќе ги победиме црнилата. Избори со кои ќе ја донесеме зората. Ова е борба на нашата генерација и затоа изгреј зоро на слободата. Избори за Република Македонија.

Извор: ТВ21