Мицкоски: Се нанесува тешка штета на Македонија и затоа отпорот е она што ни преостанува

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска од пред Собранието одржа прес-конференција на која што уште еднаш истакна дека процесите за уставни измени и менувањето на името на Македонија доаѓаат со закани и уцени, и дека власта не ја почитува волјата на граѓаните искажана на референдумот.

„Овие процеси во Собранието доаѓаат не по демократски пат, туку со уцени, закани на пратениците и нивните блиски. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во тој процес . Цврсто сме убедени дека измените се штетни и дека оставаат белег врз достоинството на Република Македонија, и го менуваат идентитетот. Имаме процес преку менување на уставот со промена на уставното име преку кое се доаѓа со уцена на пратеници. Останува запишано дека името не го менуваат граѓаните, туку 80 пратеници обезбедени со уцени и закани. Се нанесува тешка штета на Република Македонија и на граѓаните, и затоа отпорот е она што ни преостанува“, истакна Мицкоски кој веднаш по прес-конференцијата им се приклучи на демонстрантите пред Собранието.

Се вчитува...

 

Извор: ТВ21